logo
logo
logo

ЕНОРМНО загадување и во лето, Македонија буквално СЕ ГУШИ!

Vecer | 23.06.2021

ЕНОРМНО загадување и во лето, Македонија буквално СЕ ГУШИ!

Македонија се гуши, не само од високите температури туки и од загадувањето кое е енормно. Речиси во сите скопски населби вчера беше алармантна состојбата со загадениот воздух, а најстрашно беше во центарот на градот, особено на мерното место кај Ректоратот, каде во попладневните часови беа измерени 985 микрограми на метар кубен.

Во скопската општина Карпош синоќа беа измерени 119 мг/м3 од ПМ10 честичките. Во Кичево завчера во 16 часот беа измерени 135 мг/м3 ПМ10, во Тетово во 18 часот со 123 мг/м3 од ПМ10 честичките...

Невладината организација О2 иницијатива синоќа алармираше за невообичаено високите бројки на загаденост на воздухот и во Велес, Тетово, Гостивар, Струмица, Кичево, Куманово, Битола…

Нејасни се причините за ова, бидејќи летото само што почнува, температурите се околу 35 степени, а намалено е нивото на сообраќај низ градовите, велат активистите и ги повикуваат надлежните итно да излезат на терен и да проверат.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk