logo
logo
logo

Електронски идентитет ќе добие секој во државата

Vecer | 24.01.2023

Електронски идентитет ќе добие секој во државата

Владата на денешната 121. седница ја разгледа и усвои информацијата од Министерството за внатрешни работи, за потребата од изработување план за воспоставување национален електронски идентитет за секој граѓанин. Планот беше разгледан и прифатен, заедно со тој за реализација.
– Целта е доделување електронски идентитет на граѓаните на Република Северна Македонија, што, според посочувањето од Министерството за внатрешни работи, треба да е носечки столб за дигиталната трансформација на општеството, со тоа што ќе овозможува унифициран пристап за користење на електронските услуги и размената на податоци, како во државата, така и надвор од неа – земјите од Западен Балкан и Европската Унија, се вели во соопштението од владината прес-служба.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk