Повеќегодишното искуство во работа со сложени предмети, било пресудно   претседателот Пендаровски да ја предложи Весна Дамева за член во Судскиот совет. Без ден искуство како судија, туку само стручен соработник во тимот на Добрила Кацарска во скопскиот Кривичен, Дамева добила одличните оценки за нејзината стручна работа па Пендаровски сметал дека тоа е доволно таа да биде дел од Судскиот совет.

Согласно уставните надлежности на претседателот и по извршени консултации, Весна Дамова е предложена за член на Судскиот совет на Република Северна Македонија во 2019 година како лице со претходно повеќегодишно искуство на работа на сложени предмети во Кривичниот суд и одлични оцени за нејзината стручна работа, одговараат на прашањето на  АЛФА ТВ од Кабинетот на Пендаровски

Приправник те тужи, приправник ти суди – правната фела не е на линија со Пендаровски. Лавина реакции откако 10 од 11 членови во Советот гласаа Дамева да ја замени Црвенковска.

„Утре – задутре, кога ќе отвори уста Пендаровски за состојбите во правосудството (а ќе мора да отвори!) кажете му дека нам ни беше јасно во кој ендек оди колата уште кога ги предлагаше партиските војници за членови на Судскиот совет. За хронично немиот судиски еснаф да не почнувам, дека ми се превртува утробата.“ – пишува Воислав Димовски – поранешен обвинител. 
„Од стручен соработник да конкурираш и да те изберат за претседател на Републички судски совет ти е исто како во војска од разводник да конкурираш за маршал“, коментира Тортевски. 
„Да не се извлечеле поуки од ништо?! А госпоѓата нов претседател на Судскиот совет сама за себе тврди дека има “интегритет, стручност и знаење”?! Мамо спаси ме!“ – пишува универзитетскиот професорот по кривично право, Гордан Калајџиев.

И поранешниот министер за внатрешни работи во една од владите на СДСМ, има забелешки за избор на партиски луѓе во правосудниот систем..

„Лично сум против тоа судија или обвинител да ги извршува тие високи функции ако е член на политичка партија. Тие по вокација ќе постапуваат по наредба на партијата. Јас сум извршувал повеќе функции, а не сум бил член на ниту една партија. Не сум имал никакви притисоци од владејачките партии“ вели Михајловски.

Дамева дојде на местото на Павлина Црвенковска која на 4 месеци пред истекот на мандатот си поднесе неотповиклива оставка поради, како што рече притисоци од судско-бизнис елита. Се погласни се шпекулациите дека на владејчката СДСМ и требало полојален претседател во Советот, па оттука доаѓа и изборот на  Дамева. Таа тврди дека никогаш не била член на политичка партија, туку, само симпатизер, што според нејзе не е спорно. И покрај фотографијата што се појави во јавноста пред три година, на која Дамева, е заедно со членовите на правната комисијата на Социјал-демократите и  екс-премиерот Зоран Заев, таа ветува дека нема да дозволи притисоци и влијанија како нејзината претходничка. Во таков случај, изјави Дамева ќе ги известела и членовите на судскиот совет, ама и медиумите.

Превземено од: Алфа Телевизија