logo
logo
logo

Економист: Македонија ТРЕТА ВО СВЕТОТ ПО ПРЕКУМЕРНА СМРТНОСТ

Vecer | 19.03.2021

Економист: Македонија ТРЕТА ВО СВЕТОТ ПО ПРЕКУМЕРНА СМРТНОСТ

Според британскиот угледен весник Економист, Македонија е трета по прекумерна смртност  на 100.000 жители.

Економист прави статистика за бројот на починати од коронавирус, но и вкупниот број на починати од 1 април до 31 декември изминатата 2020 година.

Така весникот пишува дека за време на тој период во Македонија имало 2.490 починати лица како последица на коронавирус,  но тој нотира дека вкупно за тој период има 5.690 починати, случаи за кои како што се наведува не може да се каже од што починале.

Според анализата на „Економист“, во овој временски период од ковид-19 починале 2.490 луѓе во земјава, но имало вкупно 5.690 смртни случаи, за кои не може да се каже од што настанале. Пред нас се Перу и Русија, а по нас Бугарија, Литванија, Мексико, Србија, Еквадор и Молдавија.

Според „Економист“, бројот на починати како резултат на пандемијата со коронавирусот може да е уште поголем од официјалните статистики што здравствените власти секојдневно ги објавуваат и тоа благодарение на неколку причини. Прво, официјалните бројки не ги вклучуваат тие што починале, а пред смртта немале позитивен тест на ковид.

Во земјите каде што има мал број тестирања или недостиг на тестови, ова може значајно да влијае врз статистиката, односно да послужи како начин на кој ненамерно се „кријат“ починатите од ковид-19. И второ, пандемијата им ги врза рацете на лекарите да третираат други здравствени состојби и ги обесхрабри луѓето да одат во болница и да бараат помош за други болести, што индиректно може да предизвика раст на смртноста од други болести.

Ако се земе бројот на починати во некое место од која било причина во одреден период, па се спореди со истиот период од други години,  ќе се добие нешто што се вика „прекумерна смртност“.

Целата анализа можете да ја прочитате тука

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk