logo
logo
logo

ВМРО-ДПМНЕ

„ЕКОНОМИЈАТА ТОНЕ, наместо да се опоравува од кризата“

Vecer | 04.08.2021

„ЕКОНОМИЈАТА ТОНЕ, наместо да се опоравува од кризата“

Заев и СДСМ се обидуваат да прикажат во јавноста дека економијата е стабилна и дека се опоравува од кризата со презентирање на податоци дека расте извозот во првите пет месеци и дека е остварена рекордна економска активност на ТИР зоните во првите шест месеци од 2021 година, велат од Комисијата за економија на ВМРО-ДПМНЕ.

Тие посочуваа дека треба да ја видиме вистината и реалноста со која се соочува нашата економија со погрешните економски политики на Заев и СДСМ.

- Во првите пет месеци од годината извозот бележи зголемување за 866 милиони евра, но истовремено вредноста на увозот бележи зголемување за 1.086 милиони евра, споредено со истиот период лани. Ова значи дека трговскиот дефицит бележи раст за цели 28% или во апсолутен износ тоа зголемување е за цели 220 милиони евра, велат од партијата.

Во објавата се додава дека трговскиот дефицит или дефицитот во нето-извозот во првите пет месеци од 2021 година веќе достигна 1 милијарда евра, што значи дека увозот е поголем од извозот за повеќе од 1 милијардна евра.

- Оваа 1 милијарда евра трговски дефицит се покрива преку задолжување на држвата, задолжувања на граѓаните и задолжувања на приватниот сектор. Тоа е најдобар показател дека економскиот модел е неодржлив и дека државата, приватниот сектор и граѓаните со оваа Влада на СДСМ стануваат се’ посиромашни и позадолжени. Дополнително, потврда за лошите економски перформанси во 2021 година е фактот што нето-извозот од ТИРЗ во првите шест месеци од 2021 година бележи пад за цели 96%. Имено, нето-извозот од ТИРЗ во првото полугодие од 2021 година изнесува скромни 4 милиони евра, додека вредноста на нето-извозот во истиот период лани изнесувал 104 милиони евра, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk