Еколошки организации од Европа ќе обучуваат наставници од 10 општини

Македонско еколошко друштво во рамки на проектот „Природата овозможува подобар живот“ што го спроведува во соработка со пет еколошки невладини организации од Европа, а е финансиран од програмата Еразмус+ на Европската Унија на 24 септември во Општина Теарце и 26 септември во Општина Ресен ќе одржи две еднодневни работилници наменети за воспитувачи и наставници од прво до петто одделение.

Целта на работилниците е запознавање со едукативниот пакет за природа и птици којшто наставниците ќе можат да го користат во своите едукативни програми како и мобилната аликација изработени со поддршка на Универзитетот од Гдањск.

Проектот ги охрабрува едукаторите кои работат со деца од најрана возраст во рурални или помали градски средини да поминуваат повеќе време во природа и да ја изучуваат одблиску. Тимот од шест еколошки организации од Полска, Словачка, Чешка, Шпанија, Ирска и Македонија со поддршка на Универзитетот од Гдањск изработи мобилна апликација migration of birds (https://play.google.com/store/apps/details?id=org.otop.migrations.game&h...), како и иновативни образовни материјали на шест јазици и план за истражувања во природа како дополнување на редовната настава во основни училишта и градинки.

На работилниците ќе учествуваат наставници и воспитувачи од околу 10 општини од Република Македонија.

Материјалите за воспитувачите и наставниците веќе се достапни на македонски јазик на веб страната на Македонско еколошко друштво www.mes.org.mk а видеа со објаснување за материјалот се поставени на ју туб каналот на друштвото

извор: Makfax

Поврзани

Најнови вести

Коментари