Еколошка акција по долината на Радика

По повод 21 март , првиот ден на пролетта, во организација на Националниот парк Маврово и СОУ „Мавтрово – Ростуше“ од Ростуше, денеска се реализираше еколошка акција. Во акцијата беа расчистени поголеми количини на смет по долината на реката Радика како и јавни површини во општината Маврово –Ростуше.

Директорот на средното училиште, Исмет Абдули информираше дека акцијата добила масовен карактер, а ефектите се мошне добри. Средното училиште и во наредниот период ќе продолжи во соработка со управата на ЈУ Национален парк Маврово да организира еколошки акции со цел да се заштитат реката Радика и нејзината убава долина.

„Бројни еколошки акции се предвидени и за националниот парк Маврово, со учество на вработените во паркот како и младите од оваа рурална општина“, вели директорот на паркот Самир Ајдини.

К.М.

 

извор: Makfax

Поврзани

Најнови вести

Коментари