logo
logo
logo

„Еко-свест“: Секое второ болно дете минатата година се лекувало од респираторни болести поради загадувањето

Vecer | 09.02.2021

„Еко-свест“: Секое второ болно дете минатата година се лекувало од респираторни болести поради загадувањето


Според Светска банка, аерозагадувањето во Македонија убива 1.350 луѓе годишно, a децата се најчувствителната група, затоа што имаат организам во развој и побрзо дишење, а со тоа и побрзо внесување на загадените материи во телото, велат од  Центарот за истражување и информирање за животната средина „Еко-свест“ од Скопје.

„Секое второ болно дете минатата година се лекувало од респираторни болести кои најчесто се директна последица на загадениот воздух. Децата се најпогодени, особено во грејната сезона, кога концентрацијата на цврстите честички е зголемена. Градовите во земјава, како Скопје, Тетово и останатите, котираат високо на листата на најзагадени градови во регионот, па и Европа. Високите концентрации на ПМ 10 честичките достигнуваат и до повеќе од десет пати од дозволеното“, потенцираат од „Еко-свест“.

Од таму велат дека честичките ПМ 10 и ПМ 2,5 се меѓу најопасните загадувачи, кои во голема мера влијаат врз здравјето на луѓето поради нивната способност да навлезат длабоко во белите дробови и крвта, предизвикувајќи трајни ДНК-мутации, срцеви напади, болести на дишните патишта и прерана смрт. Овие загадувачи се формираат кога согоруваат одредени материи како горењето на дрвото во камините или горењето на јаглен во термоцентралите.

Околу 80% од енергијата во светот доаѓа од фосилните горива. Според Светската здравствена организација, проблем број еден претставува нивното согорување. Честичките што се испуштаат го загадува воздухот и се примарен причинител за климатските промени, затоа, тие потенцираат нивната употреба да се намали или да се отстрани.


makfax.com.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk