logo
logo
logo

Ефтимов: Љупчо Николовски наместо да шета во партиски штабови, да почне да го решава проблемот со корупцијата

Vecer | 19.02.2021

Ефтимов: Љупчо Николовски наместо да шета во партиски штабови, да почне да го решава проблемот со корупцијата


Денес, на Комисијата за политички систем на дневен ред е националната стратегија за спречување корупција, која претставува стратешки документ за државата, а СДСМ и Љупчо Николовски тоа воопшто не ги интересира, обвини Дајанчо Ефтимов, пратеник на ВМРО-ДПМНЕ.

Според него, во моменти кога Република Македонија, според „Транспаренси интернешнл“, е на 111. место во светот по корупција и криминал, единствениот надлежен и одговорен во Владата за оваа проблематика, вицепремиерот за борба против корупцијата и криминал, Љупчо Николовски, одбива да дојде и овде во Собранието пред пратениците и македонската јавност да учествува во донесувањето на националната стратегија за спречување корупција и судир на интереси.

„Како одговорни пратеници од пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ, од оваа говорница уште еднаш јавно го повикуваме вицепремиерот за борба против корупцијата и криминалот во Македонија да се охрабри и да дојде на оваа Комисија, иако пратеничката група на СДСМ силно се противи на тоа и од петни жили се обидува да го заштити својот партиски генерален секретар. Апелираме до вицепремиерот Љупчо Николовски, наместо да се занимава со партиски обврски, наместо да шета во партиските штабови на СДСМ и да доделува членски книшки, конечно, да почне да се занимава со решавање на овој горлив проблем за што впрочем е и дебело платен со пари на граѓаните“, рече Ефтимов.

Пратеникот вели дека 111. место во светот на листата на корумпирани држави, како и непреземањето никаква активност и иницијатива во моменти кога корупцијата и криминалот во државата цветаат, е доказ дека Љупчо Николовски има измислена и фиктивна функција во Владата, само да зема огромна плата и да ужива други комодитети, а во меѓувреме да си врши партиски задачи и обврски.


makfax.com.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk