logo
logo
logo

Едвард Џозеф

„Со францускиот предлог и историските прашања и јазикот во Рамката, се негира македонскиот идентитет“

Vecer | 29.06.2022

„Со францускиот предлог и историските прашања и јазикот во Рамката, се негира македонскиот идентитет“

Со францускиот предлог и ставањето на историските прашања во Рамката за преговори, со позицијата за јазикот се негира македонскиот идентитет, изјави Едвард Џозев предавач на Универзитетот Џон Хопкинс во Вашингтон и експерт за Балканот, за Агенда35 на МТВ.

Тој истакна дека францускиот предлог има два опасни преседани, еден за Македонија, а друг за самата ЕУ бидејќи внесува билатерален процес во преговарачка рамка.

- Едниот преседан за Македонија оти вклучува тврдења за историјата во Преговарачката рамка што е многу лошо и ова е клучно прашање и луѓето кои го бранат ќе мора да го објаснат тоа. Дури во Софија. Член на партијата на Петков рече дека може да блокираат во секое време, предлогот им го овозможува тоа. Другиот лош преседан е за самата ЕУ, креирате преседан каде на државите им се овозможува да внесат  билатерални проблеми, формализирани во преговарачкиот процес. Што правиме и со другите аспиранти на Балканот? Што со Украина? Има стотици историски тврдења за Украина. Предлогот е лош за и  Франција и ЕУ., рече Џозеф.

Тој посочи дека во ЕУ има добри напори на европската медијација како Португалија и Германија и дека португалскиот предлог беше побалансиран, ни Бугарија истиот го одби, додека францускиот предлог е многу проблематичен.

Францускиот предлог е проблематичен, затоа има добра и не баш добра европска медијација.  Француската не е добра. Португалската беше добра но Бугарија не го прифати тоа. Дојдоа Французите и  дадоа предлог што ве поткопува и ја рефлектира слабоста на ЕУ, рече Џозеф.

Според него во моментов Бугарија е изолираната држава, но ако се прифати францускиот предлог, тоа ќе биде Македонија.

- Сега е Бугарија изолирана! Може да продолжат да блокираат но се изолирани. Ја блокираат и Албанија. Сите знаат дека ова не е фер. Ако САД го афирмира македонскиот идентитет, ќе бидат исто така изолирани и во НАТО. Но со францускиот предлог веќе нема да бидат изолирани, Македонија ќе биде изолирана.  Но проблемот е што во ЕУ  ова прашање не се третира сериозно и овој регион не се третира сериозно, истакна Џозеф.

 

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk