logo
logo
logo

Едштадлер: Немам разбирање за намерата на некои земји да го блокираат вашиот стремеж за евроинтеграција

Vecer | 04.05.2021

Едштадлер: Немам разбирање за намерата на некои земји да го блокираат вашиот стремеж за евроинтеграција


Заменик претседателот на Владата задолжен за европски прашања Никола Димитров, денес беше домаќин на сојузната министерка за Европа и Устав на Република Австрија, Каролине Едштадлер, во рамките на нејзината возвратна посета на Скопје.

Димитров се заблагодари за активниот посреднички пристап на Австрија во обезбедувањето вакцини за регионот преку механизмите на ЕУ, што резултираше со склучување на трипартитниот договор помеѓу Северна Македонија, Австрија и „ Фајзер/Бионтек“ за набавка на повеќе од 119.000 дози вакцини, како цврст доказ за нејзината посветеност на нашиот регион.

Во пресрет на состанокот на Советот за општи работи, соговорниците се согласија дека е потребно придвижување на евроинтегративниот процес на целиот Западен Балкан заради обезбедување предвидливост на европската перспектива.

Во тој контекст, Димитров истакна дека случајот на Северна Македонија е без преседан и е тест за кредибилитетот и влијанието на ЕУ, но и за нејзините постулати како заедница на вредности, поради што неодложно треба да се спроведе минатогодишната безусловна одлука за почеток на пристапни преговори.

Од австриска страна, министерката Едштадлер го потврди ставот дека Северна Македонија ги исполни сите критериуми за почеток на пристапните преговори со ЕУ.

„Сакам јасно да кажам дека немам разбирање за тоа некои земји овде да ги блокираат стремежите на евроинтеграцијата, немам разбирање за тоа овој процес да биде запрен и конкретно, да има отпор од Бугарија. Јас имам целосна поддршка и целосна доверба во португалското претседателство и јас пред неколку недели бев таму, тука треба да продолжиме натаму и сакам уште во Северна Македонија да апелирам да останете до крај, да се обидете овие проблеми да ги решите. Не ја знам целата приказна за историјата на Бугарија, но исто така знам што значи да се занимавате со минатото. Јас во политиката сум, како министерка за Европа активно, затоа што гледам перспектива и сакам да отворам перспектива за иднината“, рече таа.

„Јас ја разбирам ситуацијата на Северна Македонија, но исто така стојам на страната на Европа и стојам на страната на Северна Македонија кога сакам да докажам дека интеграцијата на земјите од Западен Балкан ќе продолжи, ние сакаме успехот да го продолжиме во однос на евроинтеграциите, не говорам за проширување туку за завршување на процесот на обликување на Западен Балкан. Северна Македонија припаѓа на Европа и оваа перспектива мора да се обнови и мора доверливоста во Европската Унија да се овозможи и да се врати“, дополни Едштадлер.


makfax.com.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk