Цела недела нема воз од Кичево до Скопје, а причината за тоа била што прегреала локомотива.

Поради прегревање на локомотивата од возот кој е во употреба повеќе од четири деценции, моторниот воз цела седмица не сообраќа на релација Скопје – Кичево, објави Фактор.

Патници сведочеле дека пред две седмици на нагорнина локомотивата се прегреала и застанала. Од тогаш не функционира. А и како би функционирала кога е стара со децении.

Тие кои често патуваат на оваа релација потврдуваат дека им рекле оти топлото време и нагорнината на пругата се причина за прегревање на локомотивата

Извор: Фактор