Министерството за здравство ја информира јавноста дека ќе го набави лекот „молнопиравир“, единствен лек против Ковид-19. Министерството стапило во контакт со производителот на лекот, компанијата МСД, и за кратко време ќе започнат преговорите за негова набавка.

Лекот „молонопиравир“ е во форма на таблета и може да го примаат сите пациенти кои се позитивни на Ковид-19.

„Лекот се дава во првите пет дена од дијагностицирање на вирусот, а досегашните клинички испитувања покажуваат дека хоспитализацијата со овој лек е намалена за 50%“, појаснуваат од ресорното министерство.

Од таму, сепак, укажуваат дека лекот и вакцината против Ковид-19 не може да се споредуваат.

„Вакцините против коронавирусот спречуваат тешка форма на болеста, компликации при хоспитализација или смртен исход. Ковид-19 брзо мутира и најголема ефикасност даваат вакцините, а целта е постигање на колективен имунитет, како би се заштитиле од новите соеви“, се нагласува во соопштението.

makfax.com.mk