„Единствена Македонија“: Заев да се отрезни од заблудата за едно општество

„Единствена Македонија“ преку соопштение изразува крајна вчудоневиденост од целосниот молк на премиерот Заев по повод последните случувања за реализација на идејата за голема албанска држава, која, како што велат, опфаќа и територии на Република Македонија.

„Во главниот град Скопје се славеше 17-годишнина од терористичкиот напад врз македонските безбедоносни сили и десет години од нелегалната сецесија на Косово, албанскиот премиер Еди Рама најави заеднички претседател и заедничка надворешна политика за Албанците во регионот, што севкупно укажува дека прави голема грешка секој оној што мисли дека бројните привилегии што ги добија терористите од ОВК и УЧК ќе предизвикаат кај нив заборав за ‘Голема Албанија’“, се наведува во соопштението на партијата.

Од „Единствена Македонија“ велат дека проектот „Голема Албанија“ мора да биде запрен, бидејќи претставува голема закана за безбедноста и мирот во Македонија и во сите балкански држави.

Оттаму го повикуваат премиерот Заев да се отрезни од заблудата за едно општество во услови кога Еди Рама почнува да зборува за обединување на Албанците во регионот, а како што велат, екс-командантите на ОНА во Македонија не размислваат на ништо друго освен за методите за реализација на „Голема Албанија“.

„Единствена Македонија“ смета дека е созреан моментот Македонија да размислува за нови сојузништва и оттука, треба се зграпчи неодамнешната понуда на рускиот министер за надворешни работи. Сергеј Лавров, дека Русија има алтернатива за сите балкански држави.

извор: Makfax

Поврзани

Најнови вести

Коментари