Единствена Македонија: Власта не кажува кои политичари зеле пари од Русија, Сорос, ЦИА и албанското подземје

Политичката партија „Единствена Македонија“ повторно упати барање до власта да каже кои политичари зеле пари од Русија, Сорос, ЦИА и албанското подземје во регионот.

„Зоран Заев молчи и тоа од оправдани причини: немало руски пари, ама имало економска диверзија врз македонскиот буџет, која Заев сака да ја прикрие со бомбастичната лага за наводни руски пари во Македонија. Вистински грабеж од Кочо Анѓушев, Хари Локвенец, чии приватни фирми си земале народни пари од буџетот како во самопослуга, па Филипче од министерството за здравство дава тендер од фантастични 35 милиони евра на фантомска фирма. Јавноста бара одговор од Заев за најното злосторство врз македонскиот буџет“, смета партијата на Јанко Бачев.

Според „Единствена Македонија“ лагите за наводни руски пари се само обид за дефокусирање на јавноста од  грабежот на буџетот што се одвива во моментот.

извор: Makfax

Поврзани

Најнови вести

Коментари