Единствена Македонија: Ја добивме битката за името на партијата

Единствена Македонија ја доби битката за името на партијата откако надлежен орган ја запиша партијата во регистарот на политички партии со назив: Единствена Македонија.

Народно движење за Македонија на седницата на Централниот комитет од 21 јануари годинава донесе одлука партијата да настапува со назив: Единствена Македонија. Меѓутоа, надлежните органи повеќе од три месеци го одбиваа барањето за упис на новиот назив Единствена Македонија, и притоа се бараше од името на партијата да се избрише зборот „Македонија“.

„Го охрабруваме македонскиот народ, како што го одбранивме името на партијата, ќе го одбраниме и името на државата бидејќи новата легална власт на Единствена Македонија има план преку четирите меѓународно правно-признати механизми кои ѝ стојат на располагање на Македонија, да го вратиме името – Република Македонија во Обединетите нации“, се вели во соопштението.

извор: Makfax

Поврзани

Најнови вести

Коментари