Единствена Македонија до Заев: Зошто си ги украл руските пари само за себе, требаше да си ги поделиме

Зоран Заев за време на протестите пред Собранието во јуни годинава јавно кажуваше дека во Македонија се финансираат партии и навивачки групи со руски пари преку рускиот бизнисмен со грчко потекло Иван Савидис. Притоа, министерот во МВР Спасовски вети дека ќе го испита овој случја, но, до денешен ден целосен молк од МВР, велат од Единствена Македонија.

„Пред неколку дена излегоа информации дека токму Зоран Заев и луѓе од неговото опкружување во власта биле во блиски бизнис и други врски со рускиот бизнисмен Савидис.

Изразуваме големо жалење од лакомоста на Зоран Заев само за себе да ги приграби руските пари од Савидис кои биле наменети за финансирање на партии и навивачки групи во Македонија наместо да покаже коректност и да ги подели парите со Единствена Македонија, оти, нели, целокупната владеачка медиумска и експертска машинерија зборува во еден глас дека токму Единствена Македонија била финансирана со руски пари“ наведуваат од партијата.

извор: Makfax

Поврзани

Најнови вести

Коментари