Македонец од Козле меѓу уапсените во акцијата "Ќелија"

Џихадистот "доктор" Стефан лечел муџахедини во Сирија

Поголемиот дел од осомничените се на возраст меѓу 20 и 30 години, имаат средно образование, во брак се и имаат деца. Воглавно спаѓаат во пониска средна класа, немаат стандардно вработување и не се политички определени. Повеќето од пријавените се Албанци по етникум, 5-мина Турци и има по еден Македонец муслиман и еден Македонец. Најголемиот дел се без досиеја и не и се познати на полицијата. Обично заминуваат во џихад преку Турција, поединечно, а не во групи 

Домот на џихадистот во населбата Козле

Македонецот Стефан С. кој е меѓу приведените девет лица во полициската акција "Ќелија" е дипломец на Медицинскиот факултет кој пред одредено време ја сменил православната вера и преминал во ислам. Стефан го сменил и личното име во муслиманско, велат извори од истрагата. За разлика од другите кои во Сирија одат најчесто авионски или со автобус, Стефан со мотор преку Турција заминал за Сирија. Според сознанијата на полицијата, Стефан не заминал во џихад од финансиски причини, туку од идеолошки побуди.

МВР има евиденција за Стефан за поситни дела - кражби во 1999 и во 2007 година. Последен пат ја напуштил Македонија лани во август, а се вратил во март годинава.

Во четвртокот, заедно со Стефан, во големата антитерористичка акција која се одвиваше во повеќе градови низ Македонија, македонската полиција приведе уште осум лица меѓу кои и имам од џамиите Тутунсуз и Јаја-паша. Акцијата беше насочена кон припадници на ИСИЛ во земјава како и лица кои учествувале во врбување на македонски државјани во паравоени формации.
Приведени се скопјаните Мемиши Реџеп (36), Стефановски Стефан (31), Ахмет Дарлиши (31) Ерол Рустеми (36), Мухамед Имери (36), Сејрула Етемовски (31) и Заим Анџами (27), тетовецот Абдула Абдулахи (28) и гостиварецот Мухамед Шеху (29).

Покрај нив се трага по уште 27 лица од кои за 20-мина се претпоставува дека се уште се на боиштата во Сирија. Извори од истрагата откриваат дека поголемиот дел од нив се на возраст меѓу 20 и 30 години, имаат средно образование, во брак се и имаат деца. Воглавно спаѓаат во пониска средна класа, немаат стандардно вработување и не се политички определени. Повеќето од пријавените се Албанци по етникум, 5-мина Турци и има по еден Македонец муслиман и еден Македонец. Најголемиот дел се без досиеја и не и се познати на полицијата. Обично заминуваат во џихад преку Турција, поединечно, а не во групи.

Од досегашната истрага не е познато на кој начин осомничените биле вклучени во ИСИЛ, дали се бореле на боиштата, биле логистика или пружале некој друг вид помош.

По повеќечасовен распит во скопскиот Кривичен суд во четвртокот, судија на претходна постапка го прифати предлогото на Јавното обвинителство и им одреди триесетдневен притвор на деветтемина уапсени во акцијата "Ќелија" во која беше разбиена мрежа на терористичката организација Исламска држава (ИД) во Македонија.

Тие се товарат за учество во странска војска, полиција, паравоени или параполициски формации за што е предвидена минимална затворска казна од четири години.

Според информациите на МВР, во истрагата и од досега собраните докази, утврдено е дека организатор и идеолог на терористичката ќелија на ИД во Македонија бил самопрогласениот имам од Тутунсуз џамијата во Скопје, Реџеп Мемиши. Тој успеал да врбува и да испрати околу 130 лица на боиштата во Сирија и Ирак.

Од МВР соопштија дека во Македонија нема центри за обука на џихадисти, а нивната регрутација била вршена на повеќе места вклучувајќи ги двете скопски џамии кои не се под контролана ИВЗ, Тутунсуз и Јајапашината џамија.

Полициската акција била изведена истовремено во Скопје, Куманово, Гостивар, Тетово и Струга каде биле извршени претреси на 28 локации, претежно семејни куќи. Најголем дел од претресите се изведени во Скопје.

Соочени со се поголемиот број на македонски државјани кои се борат на страната на ИД и Ал Каеда и безбедносниот ризик кој го претставуваат повратниците од овие конфликти, Собранието на РМ на почетокот на септември минатата година ги изгласа измените во Кривичниот законик кои се однесуваат на учеството на македонските државјани во воени конфликти надвор од државата и во странски паравојски и терористички организации. Според овие измени, учеството, регрутацијата, обуката, агитирањето, логистиката и финансирањето се кривично дело за кое се предвидени минимални казни од четири, односно пет години затвор. Минимална петгодишна затворска казна е предвидена за директните учесници во воените конфликти, нивните инструктори, финансиерите и логистичарите. Една година помалку е минимумот за лицата кои врбуваат или поттикнуваат или пак, повикуваат на учество преку тестови, говори и социјални мрежи. 

Поврзани

Најнови вести

Коментари