Џафери ги смируваше министрите: Сугаре, што ти е бе Сугаре? (видео)

Денешната седница во Собранието беше резервирана за пратенички прашања. Пратениците од опозицијата го нападнаа премиерот Заев за слабата реализација на капиталните проекти и неисполнетите предизборни ветувања.

Пратениците особено го истакнаа проблемот со загадувањето и ветувањето на власта дека Македонија ќе дише чист воздух, потоа ветените 500 километри автопат, Анексот од 187 милиони на Договорот за изградба на автопатот Кичево-Охрид, ветениот пласман за земјоделците, повратот на ДДВ....

Пратеникот од редовите на ВМРО – ДПМНЕ, Влатко Ѓорчев постави 3 прашања до премиерот Заев притоа истакна дека со буџетот за 2018 година се нема заковано ниту една шајка во државата и дека не можат да се забележат реализирани проекти. Тој истакна дека фијаско особено доживеаа градоначалниците во Скопје, Битола, Прилеп, Охрид...

После неговите прашања следеа реакции од пратениците од СДСМ и министрите присутни во салата, па собранискиот спикер ја смируваше ситуацијата. Во еден момент тој со насмевка му се обрати на министерот за транспорт и врски, Горан Сугарески.

 

Поврзани

Најнови вести

Коментари