logo
logo
logo

Двојазичноста ги ФАТИ НЕПОДГОТВЕНИ производителите и трговците - казни од 500 до 10.000 евра

Vecer | 08.12.2022

Двојазичноста ги ФАТИ НЕПОДГОТВЕНИ производителите и трговците - казни од 500 до 10.000 евра

Производителите и трговците останаа затекнати од новиот Закон за заштита на потрошувачи, а најмногу реакции предизвика токму Членот 37, кој ги обврзува сите производители во земјава своите продукти освен на македонски да ги бележат и на албански јазик. Документите кои треба да се коригираат се декларациите, сертификатите, гарантните листови, упатствата за склопување и користење на производот, како и листата на овластени сервиси.

Дел од производителите се жалат дека не биле информирани за новата обврска, а промената на амбалажата ќе им донесе дополнителни трошоци.

„Најпогодени ќе бидат малите производства кои што најверојатно мора да инвестираат во купување на дополнителна опрема за печатење на поголеми декларации и евентуално промена на самиот начин на пакување на производот, па затоа сметам дека тоа би било голем терет и трошок за малите производства. / Самата информираност за стапување на сила на законот е мала, додека казните се големи, затоа апелирам за поголема информираност за да може да почнат производителите да постапуваат по него“, вели Марина Манева, сопственик на млекарница.

Од Пазарен инспекторат смируваат и велат дека казни се уште не се пишуваат. Засега само ги информирале трговците за новите обврски. Оттаму објаснуваат дека производите кои се веќе на рафтовите нема да се враќааат назад за да им се залепат нови етикети.

„Тие треба да имаат период на усогласување затоа што овие затекнати производи не можат да се отворат и повторно да се печатат. Невозможно е тоа да се спроведува во моментов, особено кај прехранбените производи. Треба и производителите и увозниците да се усогласат. Ќе се консултираме со министерството за економија за да видиме кога ќе биде можно ова да биде усогласено. Ова е обемна работа што треба да се заврши кај сите“, велат од ДПИ

Инаку, законот јасно ги утврдува и датумите кога ќе може да има сезонско намалување на производите. „Акција“ во салони за мебел, маркети... ќе може да трае најмногу 30 дена, а „промоција“ пак само 8 дена. „Распродажба“ дозволена е само доколку трговецот престанува да работи, или, пак го сели салонот.

Казните за непочитување на законот се движат од 500 до 10 илјади евра, но и забрана за вршење на дејноста.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk