logo
logo
logo

Двајца од повредените во автобуската несреќа во Бугарија хоспитализирани на Пластична хирургија во Скопје

Vecer | 27.11.2021

Двајца од повредените во автобуската несреќа во Бугарија хоспитализирани на Пластична хирургија во Скопје

Министерот за здравство Венко Филипче, кој ги пречека пациентите, претходно изјави дека и двајцата се стабилни и се со полесни повреди и оти ќе бидат задржани на лекување на Клиниката за пластична и реконструктивна хирургија.
-Пациентите ќе бидат задржани на опсервација и согласно тоа колку време треба да останат ќе бидат хоспитализирани после што ќе се направи проценка да се испишат на натамошен домашен третман. Пристигнаа колегите од Психијатрија со цел да се даде и психолошка помош што е многу битно во овој момент. Целосно сме подготвени да ги преземеме овие пациенти и да продолжи лекувањето , изјави министерот Филипче.
Од МЗ најавуваат дека другите пет пациенти од несреќата кои се на лекување во Софија, ќе бидат отпуштени во фази во зависност од нивната состојба. Во несреќата што се случи рано изутрината на 23 ноември на автопатот „Струма“ загинаа 45 лица. Според бугарските истражители, жртвите починале од задушување откако автобусот се запалил, а најверојатна причина за несреќата е човечка грешка.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk