logo
logo
logo

Двајца лекари до Агенцијата за лекови пријавиле сомнеж за починати пациенти после вакцинација

Vecer | 06.12.2021

Двајца лекари до Агенцијата за лекови пријавиле сомнеж за починати пациенти после вакцинација

Станува збор за 53 годишен пациент кој примил „Фајзер“, случај пријавен во април, и 85 годишник имунизиран со „Астра Зенека“ во септември. Ова засега се само сомневања кои допрва треба да се утврдуваат преку синџир на анализи кои треба „под лупа“ да го стават и медицинскиот профил на пациентот, од што боледувал и какви лекарства земал, вели раководителката во Агенцијата за лекови Мерјем Хаџихамза која заедно со првиот човек на МАЛМЕД оствари он-лајн средба со новинарите. Досега се пријавени околу 240 негативни последици по примена вакцина, но најголем дел од нив се оние вообичаените како главоболка, вртоглавица и болка во рамото. Ова е помалку од 1% од сите вакцинирани, појаснува Директорот на МАЛМЕД Љирим Шабани. Ризик од несакана последица има секој лек и вакцина, па дури и Аспиринот. Антиковид вакцината, според надлежните, спасува животи со тоа што го намалува ризикот за хоспитализација и смрт. Според анализите на Министерството за здравство во последните четири месеци од вкупниот број на починати од КОВИД 19, околу 80 % биле невакцинирани.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk