logo
logo
logo

Двајца битолчани приведени поради предизвикување општа опасност

Vecer | 16.08.2022

Двајца битолчани приведени поради предизвикување општа опасност

Во понеделникот од страна на полициски службеници од Одделението за општ криминал при СВР Битола лишени од слобода се М.М. на 36 и Р.К. на 26 години, поради постоење основи на сомнение дека извршиле кривично дело „предизвикување на општа опасност“, по чл.288 од Кривичниот законик.

Имено, во 09.30 часот во СВР Битола И.В. од Битола пријавил дека во временскиот период од 22.00 часот во неделата до 7.15 часот во понеделникот улицата „Македонска фаланга“ во Битола, на две патнички возила „митцубиши“ и „голф“, сопственост на пријавителот била истурена течност, при што било предизвикано нивно оштетување.

По преземени мерки и активности од страна на полициските службеници, сторителите биле идентификувани, а при извршен претрес кај лицата пронајдени се предмети поврзани со извршеното кривично дело.

Во координација со Јавен обвинител, по документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk