Двајца велосипедисти тешко повредени во сообраќајки во Скопје

Две сообраќајни незгоди во кои биле повредени велосипедисти се случиле вчера во Скопје.

Во првата, околу 14.30 часот, автомобил „опел астра“ управуван од 61-годишен скопјанец удрил во 36-годишен велосипедист на булеварот „Партизански одреди“. Од ударот, велосипедистот се здобил со тешки повреди, па возачот на автомобилот, го пренел во Градската општа болница „8-ми Септември“ каде му била укажана лекарска помош.

Втората сообраќајна незгода се случила околу 18.20 часот на крстосницата од булевар „Јане Сандански“ и улица „23-ти Октомври“. Во неа, автомобил „мерцедес“ со скопски регистерски ознаки управуван од 70-годишен возач удрил во 27-годишен велосипедист од Скопје. Велосипедистот добил тешки и со автомобил бил пренесен во Градската општа болница „Свети Наум Охридски“ за укажување лекарска помош. Извршен бил увид на местото на настанот, а полицијата работи за расветливање на двата случаи.

извор: Makfax

Поврзани

Најнови вести

Коментари