logo
logo
logo

Двајца македонски пензионери УАПСЕНИ во Хрватска: НАПРАВИЛЕ ШТЕТА ОД 26 000 евра!

Vecer | 26.09.2021

Двајца македонски пензионери УАПСЕНИ во Хрватска: НАПРАВИЛЕ ШТЕТА ОД 26 000 евра!

Припадници на хрватската полиција во Сплит уапсиле двајца државјани на Македонија под сомнение дека извршиле пет измами и тешка кражба, предизвикувајќи материјална штета од околу 26.000 евра. Станува збор за двајца мажи на 76 и 68-годишна возраст од Македонија кои извршиле пет кривични дела - измами во август и септември, и тоа на подрачјето на Сплит, Трогир и Примоштен.

Фатени биле откако извршиле тешка кражба, во реонот на Дубровник.

Како што пишува порталот Индекс.хр извлекле пари буквало од раката на само еден од повеќето оштетени хрватски државјани, кој се посомневал во вистинитоста на нивната приказна. Проценетата материјална штета од неколкуте кривични дела кои ги сториле се проценува на околу 200.000 куни.

За време на кривичната истрага, извршен бил претрес на лично возило и стан во областа Омиш, користени од осомничените. Притоа биле пронајдени поголема сума на пари, неколку лажни златни часовници и неколку катанци.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk