logo
logo
logo

Двајца Косовци осомничени дека пукале во полицаецот во Ѓорче Петров

Vecer | 02.03.2021

Двајца Косовци осомничени дека пукале во полицаецот во Ѓорче Петров

Две лица од Косово се лишени од слобода под сомнение дека вчера во скопската населба „Ѓорче Петров“ пукале кон полицискиот службеник З.Р., кој беше полесно ранет.

Тие во возило во движење, марка „Голф“, пукале кон друго возило „Мерцедес“ во кое бил З.Р., при што го повредиле во ногата. З.Р. се упатил кон ГОБ „8 Септември“ а да му биде укажала лекарска помош.

Пукањето се случило околу 16:40 часот на кружниот тек во населбата „Ѓорче Петров“ во близина на црквата.

За приведените лица, Б.В.(40) и И.Л.(38), двајцата од Косово, ќе следуваат соодветни пријави, по расчистување на случајот.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk