logo
logo
logo

Дваесет и една година од загинувањето на бранителите кај Љуботенски Бачила

Vecer | 10.08.2022

Дваесет и една година од загинувањето на бранителите кај Љуботенски Бачила

На три локации во општина Ѓорче Петров денеска ќе биде одбелжана 21 година од загинувањето на бранителите кај Љуботенски Бачила. Цвеќе ќе биде положено на Спомен-чешма на Томислав Настевски-Бумбар, на Споменикот на бранителите во Волково, каде ќе биде и централната манифестација, и на Споменикот на бранителите во реонскиот парк. На 10 август 2001 година на патот кај месноста Љуботенски Бачила армиско товарно возило нагази на две противтенковски мини. Животите ги загубија Томе Бадаровски, Гоце Чанкуловски, Бранко Јанев, Томислав Настевски, Марјанчо Бошковски, Ивица Златевски, Томе Димовски и Раде Јанковски, припадници на резервниот армиски состав.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk