logo
logo
logo

Дури 70 отсто од заразените се од британскиот сој: Следуваат ли нови мерки?

Vecer | 25.02.2021

Дури 70 отсто од заразените се од британскиот сој: Следуваат ли нови мерки?

Министерот Венко Филипче, при денешната посета на поликлиниката „Букурешт“, откри дека во 70 отсто од случаите се работи за британскиот сој од корона вирусот, кај новозаболените.

– Навистина има зголемување на бројот на заболени. Во моментот траат испитувањата на примероците во МАНУ, но во „Филип Втори“ велат дека се работи за британскиот сој во 70 отсто од случаите – рече министерот Филипче.

Според него, зголемен е бројот на заболени, но не ги загрозуваат болничките капацитети ни во Прилеп, ни во Кавадрци, ни во Охрид. Во Скопје исто, има слободни кревети, без модуларната болница.

– Ако треба сите капацитети ќе се вратат во системот за лекување Ковид-19 – вели Филипче, а следат дали овој тренд ќе продолжи вака и ќе ги загрози болничките капацитети, за да може навремено да реагираат.

Во однос на набавката на вакцини, Филипче рече дека вчера Владата го овластила да потпише договор за набавка на руската вакцина.

– Станува збор за 100.000 дози и преку претставници од Руската амбасада, ќе се обидеме да добиеме информации кога поточно би пристигнале во нашата земја.

Јас се надевам дека следните денови ќе ги имаме конкретните датуми, но засега сме во интензивни преговори – вели Филипче.

За наводно слабиот интерес за вакцинација Филипче вели дека околу 180.000 граѓани се регистрирани во системот „Мој термин“ како хронични болни или на возраст над 70 години. Досега се пријавиле 50-тина илјади за вакцина.

– Битно е дека бројот на здравствени работници кои сакаат да се вакцинираат е голем. За две недели ќе ги вакцинираме сите здравствени работници кои работат во ковид-центрите. Планираме и кампањи и повици преку матичните лекари, како и за секоја вакцина, како на пример при епидемијата со морбили лани – додаде Филипче.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk