Дуковски: Приговараме на истечената лиценца за вештите лица

Адвокатите на одбраната во случајот „Тендери“ го оспорија вештачењето на СЈО изготвено од ЕОС консталтинг АД РИМ Италија со подружница во Скопје. Тие тврдат дека вештаците немале лиценца кога ги изготвувале вештачењата. Адвокатот Сашко Дуковски тврди дека вештаците барале и нови податоци по изготвувањето на обвинението.

„Во кривичната постапка има рокови, имате завршена истрага, подигнато обвинение, тоа претпоставува дека вештачењето е готово. Спорно е што месец деца подоцна имате барање за нови факти да се утврдат од Министерството за култура“, вели Дуковски.

Според Дуковски, во овој предмет градежно – економското вештачење е повеќе од 700 страници и е една од базите на случајот, поради што е многу битно. „И затоа мора од секој можен аспект да биде правилно изготвено согласно правилата на струката. Приговаравме и на ситечената лиценца на вештите лица“, изјави адвокатот по судското рочиште за предметот на СЈО наречен „Тендери“ поврзан со објект од проектот на претходната власт „Скопје 2014“.

извор: Makfax

Поврзани

Најнови вести

Коментари