logo
logo
logo

Бујар Османи

ДУИ прифаќа да излезе од Владата ако ВМРО-ДПМНЕ гласа за уставни измени

Vecer | 07.06.2023

ДУИ прифаќа да излезе од Владата ако ВМРО-ДПМНЕ гласа за уставни измени

ДУИ е подготвена да поддржи Влада без ДУИ до избори доколку опозицијата ги поддржи уставните измени и истите стапат на сила пред формирањето на таа влада, напиша министерот за надворешни работи, Бујар Османи на социјалните мрежи.

Ова доаѓа како како реакција на барањата на лидерот на опозицијата, Христијан Мицкоски по денешната лидерска средба со премиерот Димитар Ковачевски да го прифатат предлогот да влезат во Владата, но само ако во неа не учствува ДУИ.

„Европската иднина на граѓаните е пред сѐ!“, додаде Османи во својата кратка обајава.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk