ДСПДП: Отпорот во Тимјаник ја доведе до прашање хуманоста

Државниот совет за превенција од детско прастапништво (ДСПДП) соопшти дека го поддржува Министерството за труд и социјална политика во настојувањето за целосно имплментирање на планираната реформа за унапредување на социјалната инклузија и поддршка на преминот од институционална грижа кон поддршка на социјалните услуги во заедницата како и подобрување на квалитетот на социјалната грижа на децата во социјален ризик.

Поддрршката на Советот доаѓа по настаните во Тимјаник, каде оценуваат дека состојбата е зачудувачка и загрижувачка.

– Поаѓајќи од принципот на најдобар интерес на детето, а во насока на превенција и рана интервенција, цениме дека политиките на министерството се насочени кон напуштање на праксата на сместување деца во установи и нивно понатамошно „институционализирање‘‘. На овој начин ќе се изгради еден проактивен, компетентен, отворен, одговорен и ефикасен фактор на општествена организација во областа на работа со децата и тој ќе овозможи минимална сегрегација и максимална инклузија и интеграција на децата во пошироката социјална средина, се вели во соопштението на ДСПДП.

Државниот совет понатаму во текстот посочува дека очекувале целосна поддршка на овој проект од страна на граѓаните од тој дел од земјата со оглед на тоа дека се работи за деца со посебни потреби на кои повеќе од потребни им се насмевка, подадена рака и чувство дека не се сами.

„Со последниот отпор на граѓаните од Тимјаник, за жал, доведена е во прашање хуманоста и хуманите вредности како и солидарноста меѓу луѓето кои во овој случај се подгазени токму од возрасните кои ја покажуваат својата дволичност и себичност на сметка на својот комодитет и слобода. Овој немил чин испраќа лоша порака до сите млади за тоа, дали и колку денес треба да се почитува хуманоста и хуманите вредности и солидарноста“, наведува Советот.

ДСПДП додава дека според досегашните искуства, како во земјава, така и во странство покажуваат дека задоволувањето на потребата од згрижување и заштита на дете кое се наоѓа во социјален ризик, дава поголем и подолготраен ефект доколку истото биде згрижено во помала заедница или група, која поседува структура и динамика на семејно живеење.

извор: Makfax

Поврзани

Најнови вести

Коментари