logo
logo
logo

ВМРО ДПМНЕ

Државата троши дупло повеќе отколку што произведува струја

Vecer | 25.10.2021

Државата троши дупло повеќе отколку што произведува струја

Експертите потврдуваат она што ВМРО-ДПМНЕ предупреди за енергетска криза, државата троши дупло повеќе отколку што произведува струја.

 

Власта не е способна да ги менаџира енергетските капацитети на државата. Во изминатиов месец производството е само половина од потребите. Другата половина се покрива со увоз и повлекување од заедничката европска мрежа што е недозволиво за редовни ситуации.

 

Оваа неспсобност и екскурзија на власта ќе ја платиме со 15 милиони евра само за месец октомври, кажа директорот на МЕПСО.

 

Македонија има опасност доколку оваа неспсобност продолжи да се соочи со енергетска криза во зимскиот период пред нас.

 

Предупредуваме за да не биде предоцна. Веднаш да се формира кризнп тело кое ќе ја разгледа ситуацијата и ќе предложи решенија. Државата, граѓаните и стопанството не смее во 21 век да останат без струја., се вели во Соопштението на ВМРО ДПМНЕ.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk