Државата се огради од трубите и чочекот, со прст посочи кон грчки Актор (ВИДЕО)

Од Министерството за транспорт излегоа со соопштение за јавноста преку коре се оградуваат од секаква активност поврзана со информациите за организирање забава на делови од автопатот Демир Капија по вчерашното свечено отворање на делницата.

„Ниту Министерството за транспорт и врски ниту друга државна институција не е организатор на било каква забава", стои во соопштението во кое за други информации медиумите се упатуваат до изведувачот на проектот.

Од Министерството за транспорт и врски додаваат дека се одговорна и транспрантна институција, чија единствена цел е да обезбеди квалитетни услуги во рамките на своите надлежности.

Во меѓувреме, грчката компанија Актор која ја градеше автопатската делница од Демир Капија до Смоквица реагираше на видеото кое се појави на социјалните мрежи на кое се гледа како со трубачи и чочеци во тунел беше прославено отворањето на делницата.

Од Актор за Либертас изјавиле дека тие ја организирале прославата во тунелот, вон протоколот и се извинуваат ако била погрешно разбрана.

Премиерот Зоран Заев, заедно со делегација од Владата, претставници на Европската Унија во Македонија вчера ја пресекоа лента и свечено го пуштија во употреба автопатот Демир Капија – Смоквица.

Изградбата на автопатот чини 218 милиони евра, а со плех музика во тунелот се славело пуштањето во употреба на автопатот.

Погледнете ги видеата споделени на социјалните мрежи:

 

На видеото кое го објави Инфомакс може да се види директорот на Јавното претпријатие за државни патишта, Зоран Китанов, пишува Курир.

 

Не само во тунелот, туку перформанс имало и пред премиерот Зоран Заев и делегацијата на ЕУ пред свеченото сечење на лентата на новиот автопат Демир Капија – Смоквица, пишува Инфомакс.

Поврзани

Најнови вести

Коментари