Полицијата вчера добила пријава за нарушен јавен ред и мир во скопската населба, Гази Баба.

Имено, според информациите од МВР, станувало збор за меѓусебна пресметка помеѓу мајка и ќерка.

Двете жени на возраст од 69 и 50 години претходно се расправале, поради што и биле пријавени во полицијата.

– По целосно документирање на случајот ќе следува и соодветен поднесок, велат од МВР.