logo
logo
logo

ДРАМА НА БЛАЦЕ: Косовец не сакал да застане на граница, па тргнала потера по него!

Vecer | 15.04.2021

ДРАМА НА БЛАЦЕ: Косовец не сакал да застане на граница, па тргнала потера по него!

Основното јавно обвинителство Скопје поднесе Обвинителен предлог против еден државјанин на Република Косово за кривично дело „загрозување на безбедноста на сообраќајот“.

Обвинетиот, како што соопшти Јавното обвинителство, на 2 април, управувал патничко моторно возило ауди А4 со косовски регистарски ознаки кај граничниот премин Блаце, во насока од Косово кон земјава. Кога пристигнал до полициската станица на граничниот премин, не застанал на даден знак од полицискиот службеник за да го престрои возилото за пасошка контрола, не застанал ниту кај кабината на Царинската управа и продолжил да вози.

Полицискиот службеник излегол од станицата и издал усна наредба за запирање на возилото, по што двајца полициски службеници со службено возило се упатиле да го запрат. Го престигнале на четири километри од граничниот премин, му дале светлосна и звучна сигнализација да застане, но обвинетиот продолжил со голема брзина да вози по магистралниот пат кон Скопје.

Полициските службеници го заобиколиле возилото за да го принудат да запре, но во тој момент обвинетиот, во обид да побегне, директно удрил во полицискиот автомобил. Од ударот, двајцата полициски службеници се здобиле со телесни повреди

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk