logo
logo
logo

Мицкоски:

Доста е национални отстапки, тие кои доаѓаа и ветуваа европска иднина нека ја исполнат

Vecer | 16.04.2021

Доста е национални отстапки, тие кои доаѓаа и ветуваа европска иднина нека ја исполнат

Нема да поддржиме национални остапки во спорот со Бугарија на штета на македонските национални обележја, вели лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски за „Само интервју“ на Канал 5 и додаде дека тој спор не треба да биде услов за влез на Македонија во ЕУ.

Мицкоски истакна дека тие што ветуваа дека ова е последно понижување на овој народ со името, треба да дојдат да му се извинат и да направат се да почнеме преговори да станеме членка на ЕУ.

- Ако сакаш да бидеш играч не треба само од публика да кажуваш како треба. Ќе си преземеш дел од својата одговорност. Овој народ и оваа држава направија премногу анционални отстапки, дадоа многу национални концесии. Во 90-тите ни залепија име од кое се срамевме, ни менуваа знаме, добивавме пресуди во Хаг ни викаа важи силата на посилниот, неколку пати менувавме Устав за да на крај не понижат со промена на уставното име. Доста е, потенцираше Мицкоски.

Мицкоски нагласи дека ниту тој ниту македонскиот народ, ниту ВМРО-ДПМНЕ имаат намера да поддржат било каква национална отстапка.

- Ниту едно решение со нашиот источен сосед кое треба да се бара надвор од пристапниот процес на Македонија во ЕУ,  нема да поддржиме ако вклучува национална отспатка, тоа да им биде на сите јасно додека сум јас претседател на ВМРО-ДПМНЕ, потенцира Мицкоски.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk