logo
logo
logo

Досега само 72 лица СЕ ПИШАЛЕ БУГАРИ, тврди екс бугарски козул Иван Анчев

Vecer | 14.09.2021

Досега само 72 лица СЕ ПИШАЛЕ БУГАРИ, тврди екс бугарски козул Иван Анчев

Досега во Македонија само 72 жители се попишале како Бугари, тврди поранешен конзул. Иван Анчев кој беше бугарски конзул во Чикаго, ова го потврди за бугарските медиуми.

Според него ако на пописот само 1.000 луѓе покажат бугарско национално чувство, тоа би ја лишело Софија од секакви аргументи во актуелниот спор со Скопје.

Анчев додава дека останатите 130.000 баратели на бугарски државјанства потпишале изјава пред нотар дека имаат бугарско потекло и национално сознание, што значи дека дале лажна изјава – дело казниво според бугарскиот кривичен законик.

„Некои од најголемите критичари на Бугарија на социјалните мрежи, кои најсилно извикуваат: „Бугари-татари“, се горди носители на бугарски пасоши. Од таа гледна точка, следува да запрашам: Дали ни се неопходни такви бугарски граѓани? Носители на бугарски пасош, кои со ништо не придонесуваат кон бугарската нација и бугарскиот народ. Поради таквите, кај мене се раѓа дилемата дали да предложам нешто екстремно: да ја укинеме натурализацијата, односно да им го одземеме државјанството на носителите на бугарски пасоши кои не се самоопределуваат како Бугари на актуелниот попис во РСМ“, вели Анчев во текстот.

Дипломатот повикува да им се одземат пасошите на сите оние кои имаат бугарски државјанства, а не се изјаснуваат како Бугари.

Заклучно со вчера во 18 часот беа попишани 502.000 граѓани.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk