АФЕРАТА НА ВЕСНИКОТ ВРЕМЕ ВЕЌЕ ПРЕРАСНУВА ВО МЕЃУДРЖАВНА ТЕМА

Домашните играчки стануваат меѓудржавни плачки!

Некои македонски новинари упорно отвораат проблеми со монтирани афери со кои Македонија има проблем со соседните држави. Претседателот Иванов ги прозва за давање текстови во полза на грчките интереси и сега и Србија се смета за провоцирана за отворање на монтирани шпионски афери. Македонија нема текстови против себе надвор, колку што има во државата

Македонскиот весник Време објави текст во кој се обвинува Драган Павловиќ Латас, уредник на телевизија Сител и весникот Вечер дека во март 1999 година во Скопје го организирал палењето на Американската амбасада, како и дека бил доушник на тајната служба на Слободан Милошевиќ. За сајтот "24sata.rs" Латас демантира и најавува поднесување на тужба за клевета против Време.

Весникот Време под наслов "Латас бил соработник на српските тајни служби" објави документ од ДБК во кој е наведено дека Павловиќ на 13 март 1999 година се сретнал со непознато лице и договорил палење на амбасадата на САД, коешто се случи десет дена подоцна кога почна НАТО бомбардирањето на тогашната СРЈ.
- Тоа е обид на мал број луѓе кои се истерани од владејачката партија да ги влошат односите со Србија. Тие бараат простор во медиумите така што бараат шпиони меѓу новинарите. Од полиција добив информација дека такво досие против мене не постои, вели Павловиќ.

ТВ Сител на својот официјален сајт посочува дека текстот не е точен бидејќи се повикува на документ кој не постои.
- Прво, тој настан наводно се случил две недели пред почетокот на НАТО бомбардирањето на Југославија и упаѓањето во амбасадата на САД. Во тоа време никој не знаел дека ќе се случи бомбардирање за да се организира било што, посочува ТВ Сител.

Според зборовите на Павловиќ се создава сериозен проблем помеѓу Србија и Македонија во момент кога двете земји се на чекор од решавање на спорот помеѓу двете цркви.
- Ова е провокација за да се одложи решавањето на тој проблем и начин да се занимаваме со Србија, како со непријател. Затоа планирам наскоро да одам во Белград и да прашам дали Србија го организирала палењето на амбасадата или не, со оглед на тоа дека јас не сум учествувал во тоа, вели Павловиќ.

По нападот на амбасадата на САД, македонското МВР во соработка со американската безбедносни експерти направи детална истрага за случајот. Во истрагата е заклучено дека нема индиција дека било кој новинар, ниту пак уредникот на ТВ Сител и на Вечер, има било каква врска со организирањето на нападот. МВР по објавувањето на текстот во Време негираше дека Латас имал некаква поврзаност со тој настан.


Горан Митевски тргува со досиеја
Откако по објавувањето во Време шпионските приказни паднаа во вода, на сцена стапи поранешниот полициски директор Горан Митевски функциониер од времето на Доста Димовска и прв соработник на Љубе Бошковски. Митевски прераскажува како работи ДБК и ја информира јавноста дека за Латас имало материјали. Митевски не наведе ниту еден доказ, не презентираше ниту еден материјал. Она што го направи ексдиректорот е кривично дело и далеку потешко од клевета и за тоа ќе оди на суд. Дали Митевски најавува нова пракса полицајците со изјава без докази во медиуми да раскажуваат чија жена со кого спиела, кој каде трошел за пиење, кој каде бил на одмор и со кого седел на маса, а на новинарите да им влеваат страв да седат со вработени во амбасади без разлика дали тие се од американска, албанска , бугарска или српска амбасада.

Пред суд ќе треба да се докаже дали навистина Митевски е информаторот на Време кој ги наместил новинарите од оговарање да направат скандал.

Поврзани

Најнови вести

Коментари