ДОКУМЕНТИРАНО: Таравари купил куќа во Карпош за само 576 евра квадрат

На социјалните мрежи се појавија документи од кои се гледа дека лидерот на Алијансата за Албанците Арбен Таравари купил семејна куќа во еден од поскапите делови на Скопје, општина Карпош за неверојатно ниска сума од 576 евра од квадрат.
Во овој дел од Скопје цената на квадрат за стан е најмалку 1400 евра а за куќа дури и повисока.
Во твитот кој ги пренесува официјалните информации од сајтот на Државната Комисија за спречување на корупција Таравари добива директно прашање на кое се уште нема одговор:
💥Дали е реална цената, кога и од кого ја купил куќата г-дин Арбен Таравари?
Детали за куќата
🏠
Карпош, Скопје
Површина: 261м2
Цена: 150.475€
Квадрат: 576€
Стекнување со договор за купопродажба: /
———
Споредба во имотните листови на @TaravariArben
Платата на лидерот на Алијансата за Албанците Арбен Таравари како градоначалник на Гостивар е околу 1000 евра.
Твитот во кој од Таравари се бара да одговори како купил толку ефтина куќа во скапиот дел од Скопје.
💥Дали е реална цената, кога и од кого ја купил куќата г-дин Арбен Таравари ?
–
🏠
Куќа
Карпош, Скопје
Површина: 261м2
Цена: 150.475€
Квадрат: 576€
Стекнување со договор за купопродажба: /
———
Споредба во имотните листови на @TaravariArben 👇https://t.co/J4oof1d7ok pic.twitter.com/e5Ow7lzgQY— Демир (@Trollowsky) January 28, 2023