Левица: Новиот директор на "Улици и патишта" си ја покачил платата и сега зема повеќе од Заев?

Левица објави документ добиен од тн. свиркач, според кој новиот директор на ЈП Улици и патишта, си ја покачил платата од 1.000 на над 1.700 евра.

Интегрален текст од објавата на Левица:

По дојава од наш „свиркач" во ЈП Улици и патишта, обзнануваме дека тамошниот ДИРЕКТОР, поставен од новата власт на Град Скопје – господинот Senad Senko Smailovic си ја качил сопствената плата од 1.000 ЕУР (колку што заработувал неговиот претходник), на над 1.700 ЕУР!!!
Па така, овој млад и амбициозен социјалдемократ, сега заработува повеќе дури и од Премиерот 😉 [види слика]

Ги замолуваме сите независни и истражувачки новинари, во име на јавниот интерес, да го испитаат овој случај на уште едно недомаќинско работење на новите јавни функционери поставени од СДСМ, а платени со народни пари.
Истовремено, го повикуваме градоначалникот на Град Скопје – Петре Шилегов, по службена должност, итно да го разреши овој аздисан директор!

Поврзани

Најнови вести

Коментари