logo
logo
logo

Дојавите за бомби во НБРМ и 9те средни училишта се лажни!

Vecer | 07.12.2022

Дојавите за бомби во НБРМ и 9те средни училишта се лажни!

Ниту во Народната банка ниту во деветте средни училишта во Скопје кои денеска добија дојави за бомби нема поставено експлозивни направи. Сите дојави за поставени бомби се лажни. Ваквата информација ја потврди Министерството за внатрешни работи (МВР) по направените антитерористички проверки во објектите на деветте средни училишта и зградата на Народната банка. „Веднаш по добиените пријави, од полициски службеници се преземени мерки за безбедно евакуирање на објектите, а потоа се извршени и детални проверки од тимови за антитерористички проверки и утврдено е дека станува збор за лажни пријави“, се вели во соопштението од МВР. Заканувачките мејлови за поставени бомби во училиштата биле пријавени во Секторот за внатрешни работи Скопје во 9:45 часот утринава, а нешто подоцна, во 10:10 часот била пријавена и дојавата што ја добила Народната банка. За разлика од досегашните дојави за бомби што пристигнуваа исклучиво на електронските адреси на основни и средни училишта, ова е прва дојава за поставена бомба што ја добива државна институција. Дојави за поставени бомби во Народната банка и девет скопски средни училишта Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски претходно денеска потврди дека утрово имало дојави за поставени експлозивни направи во девет училишта и во Народната банка, според, како што рече, истиот начин кој е дел од т.н. хибридна војна што не се води само кај нас.
„Ова е класичен пример на хибридни закани. Среќа што тоа се напади што доаѓаат по електронски пат и што безбедноста апсолутно не се нарушува, посебно да земеме предвид дека НБ е обезбедена 24 часа“, изјави Спасовски по денешната посета и средби во СВР Струмица.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk