Договорот за името ќе биде потпишан викендов во Преспа, пренесуваат грчките медиуми

Република Северна Македонија е новото име на поранешната југословенска република, коe е договоренo од страна на премиерите Алексис Ципрас и Зоран Заев, пренесуваат грчките медиуми.

Според информациите, договорот ќе биде официјлизиран овој викенд, најверојатно во сабота, во Преспа.

„Договорот би можел да биде објавен денес“, изјави неименуван претставник на грчката блада, објави „Ројтерс“. Ципрас и Заев вчера остварија телефонски разговор, објавувајќи дека разговорот ќе го продолжат и денес. По вториот разговор веќе сè би требало да биде јасно.

Како што наведуваат грчките медиуми, по конечниот договор, ќе се објави заедничка изјава за грчката и македонската јавност.

„Скопско прашање: еден чекор до договор“; „Денес се затвора прашањето во Скопје“, „Денес клучен телефонски разговор“; „Северна Македонија е името за кое се согласиле премиерите“, се само дел од насловите во грчките медиуми, по вчерашните разговори за Ципрас и Заев.

Ставот на македонската Влада е дека постигнувањето договор за надминување на спорот што трае повеќе од 25 години е од голема важност за двете земји, особено за нашата земја, која очекува да добие датум за отворање на разговорите за пристап во ЕУ и повик за пристапување во НАТО.

извор: Makfax

Поврзани

Најнови вести

Коментари