logo
logo
logo

Додека работат кафичи, кафани сите мерки се депласирани, вели Пановски

Vecer | 15.03.2021

Додека работат кафичи, кафани сите мерки се депласирани, вели Пановски

Надлежните да признаат каде најмногу се шири корона вирусот, а не во интерес на економијата да се затскриваат зад напишани казни за неносење маски на улица, бидејќи на отворено и со држење на дистанца вирусот не се шири, дециден е професорот Никола Пановски. Тој вели оти неопходно е да се стави клуч на врата кај угостителските објакти, и да се воспостави ред во јавниот превоз, оти само така ќе се држи под контрола третиот корона бран.

-Сите мерки, додека работат кафани, кафичи, фитнес клубови, коцкарници и обложувалници се депласирани, без разлика дали од 22 до 05 часот. Казнување на луѓе по улица дека не носеле маски, никаква врска тоа нема со ширење на епидемија. Се знае каде се шири епидемија. Рестораните, барем според мене, не треба да работат. Од економски причини работат, па плаќаме со болест и животи, а друго е што таму внатре не се почитуваат мерките, бидејќи во кафичите секојдневно гледате како стојат на кољопои на триесет сантими без маски, вели професор доктор Никола Пановски за Алфа.

Дека мерките не се доволни сведочат и граѓаните. Велат полициски час мора да има и преку ден, па дури и ограничено работно време за угостителите. Сепак, најголемиот проблем според нив, е ниската свест кај населението за заштита од корона вирусот.

„Би требало малку да има рестрикција и во дневното движење не само во ноќните часови. Бо ноќните часови ние повозрасните сме дома, младите претежно шетаат“, велат граѓаните.

„Или до нас луѓето е или мерките не се добри, не се соодветни, не се навремени. Кас сум за рестрикции, но ако на секое гледање телевизија, слушаме само економијата, економијата, треба да се одлучиме дали луѓето или економијата“.

„Многу луѓе одат и без маски, воопшто не држат растојание. Јас мислам дека најмногу е до нас, луѓето“, велат граѓаните

Дали и кога Комисијата за заразни болести ќе предложи нови мерки за сега не се знае. Од Министерството за здравство на ова прашање само кусо ни одговорија дека не е исклучена можноста за нови рестрикции, но тоа велат ќе зависело од епидемиолошката состојба во земјата.

А во меѓувреме болниците се полнат. 1040 пациенти со комплиакции од Ковид 19 се лекуваат во ковид центрите, што е двојно повеќе од бројките на хоспитализирани од минатиот месец.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk