logo
logo
logo

Дочи: Никој нема право да се крие зад ликот на Али Ахмети, НАЈМАЛКУ АРТАН ГРУБИ

Vecer | 26.09.2022

Дочи: Никој нема право да се крие зад ликот на Али Ахмети, НАЈМАЛКУ АРТАН ГРУБИ

Поранешниот функционер и член на ДУИ, Ракип Дочи со поддршка за „Огнената група“ упатувајќи критики кон вицепремиерот Артан Груби. 

Тој на Фејсбук напиша дека никој не треба да се крие позади фигурата на Али Ахмети и дека треба да се почитува меритократијата. 

Никој нема право да се крие зад ликот на Али Ахмети. Најмалку ова право да го ужива Артан Груби. ДУИ не е ничија сопственост, тоа е тврдината изградена со пот на многу активисти од 2002 година до сега! Тврдина кој никој не може да ја присвои, вели тој.  

Додава дека ако членството бара да се почитува меритократијата и конкретна одговорност и отчет за неуспехот на локалните избори во Тетово, тоа нема врска со ликот на Али Ахмети, туку има врска со носителите на овој неуспех на чело со Артан Груби! 

- И ако сето ова се толерира, утре може да се изгуби во Скопје и пошироко. Така што оваа иницијатива е обид да се спаси ДУИ и конкретно неприкосновениот лидер Али Ахмети, пишува Дочи. 

 

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk