logo
logo
logo

Добрила Кацарска е нова претседателка на Уставниот суд

Vecer | 26.05.2021

Добрила Кацарска е нова претседателка на Уставниот суд

Судијката Добрила Кацарска е избрана за нова претседателка на Уставниот суд. Таа добила шест гласа „за“ од вкупно девет уставни судии, со што е постигнато потребното двотретинско мнозинство за избор на претседател на Судот.

На прашањето на „360 степени“ кои ќе ѝ бидат приоритетите во работењето, Кацарска вели:

„Ќе се трудам да го отворам судот за јавноста и да го подигнат угледот на судот.“

Наскоро нови промени и во составот на Уставниот суд

Мандатот на претседателот на Уставниот суд е три години, без право на реизбор.

Досега претседател на Уставниот суд беше уставниот судија Сали Мурати, кој порано ја напушта позицијата бидејќи му истекува деветгодишниот мандат како судија, за што нема право на реизбор.

Но, освен Сали Мурати, оваа година им завршува мандатот на уште тројца уставни судии.

Во мај 2012 година за уставна судијка беше избрана Елена Гошева, во јуни 2012 година Никола Ивановски, а во декември истата година и Јован Јосифовски.

Тоа значи дека го крајот на 2021 година Уставниот суд ќе добие четири нови судии.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk