logo
logo
logo

ДОБРИ ВЕСТИ од Гевгелија: Десетина дена НЕМА новозаболени од Ковид-19

Vecer | 26.05.2021

ДОБРИ ВЕСТИ од Гевгелија: Десетина дена НЕМА новозаболени од Ковид-19

Вчера беше затворена ковид-модуларната болница во Гевгелија откако изминативе десет дена не беа регистрирани новозаболени пациенти од коронавирусот, изјави денеска директорот на Општата болница со проширена дејност Митко Крџев.

Тој посочи дека општата болница се враќа во нормален режим на работа и дека доколку се појават нови случаи на заболени од Ковид-19 ќе треба да се јавуваат кај своите матични лекари.

– -Заболените со лесна клиничка слика ќе бидат на домашно лекување под надзор на матичните лекари, а пациентите со средни и потешки клинички слики, кои ќе бидат детектирани од страна на матичните лекари, ќе се препраќаат на понатамошно опсервирање и лекување во регионалните ковид центри, рече Крџев.

Од денеска во вакциналниот пункт на гевгелиската болница продолжи имунизацијата на граѓаните со ревакцинација од кинеската „Синофарм“. До сега во Гевгелија се вакцинирани вкупно 1.650 граѓани од кои 1.000 над 60 годишна возраст со кинеската вакцина „Синофарм“ и 650 граѓани над 70 годишна возраст со „Астра Зенека“.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk