Доаѓа „Бојана" - не чека пресврт со температурите

Meтеорологот Славчо Попоски вели дека антициклонот Бојана кој го зафаќа целиот Балкан и Македонија е особено силен и ќе условува стабилно, сончево и вистинско топло време.

Целиот Балкански Полуостов падна под влијание на силен антициклон, а тоа значи висок воздушен притисок и стабилна, сува и топла воздушна маса која продира од јужните географски широчини.

„Токму ова во следните денови како кај нас во Македонија, па така и ширум Балканот овој антициклон ќе услови сончево и вистинско топло време повремено со умерена локална облачност, а на северот од Балканот услови за локална нестабилност ќе има кон крајот на оваа недела, додека кај нас во Македонија и натаму ќе продолжи претежно стабилното, сончево и топло време со умерена локална облачност (повремено) додека на крајот од оваа недела има услови за краткотраен локален дожд и ретки грмежи и тоа на планинските места" - вели Попоски.

Пред нас е еден период на суво и стабилно време поточно сушен период кој ќе услови вистинско топло лето со максимални дневни температури кои ќе се искачуваат во интервалот од 25 до 33 степени додека на југоисток на крајот од оваа недела не се исклучува можноста истите да се искачат до околу 35, 36 степени. Оваа недела целиот Балкан ќе биде зафатен со натпросечни температури на воздухот што значи дека температурите ќе бидат невообичаено високи за овој дел од годината.

Да напоменеме дека воздушниот притисок во центарот на антициклонот Бојана изнесува дури околу 1025 htp.

Поврзани

Најнови вести

Коментари