logo
logo
logo

До пладне пристигнале 48 приговори до ДИК

Vecer | 17.10.2021

До пладне пристигнале 48 приговори до ДИК

Излезноста до 13 часот на седмите локални избори е 26,76 проценти, соопшти Државната изборна комисија на последната прес конференција. Најголема излезност е забележана во Новаци, 43,77 проценти. а најслаба во Студеничани 11,39 проценти.

Како што рече претседателот на ДИК Александар Даштевски, генерално гласањето се одвива добро. До пладне пристигнале 48 приговори, од кои 26 се прифатени, 6 се одбиени, а по другите сѐ уште се одлучува.

До 12.30 часот по 60 минути имало пет прекини на гласачки места. На 6 гласачки места од 11 каде се појавиле проблеми со апаратот за отпечатоци од прсти веќе се гласа по стар начин со УВ-ламби, потврдува ДИК.

Пријавени се гужви од гласачи во избирачки места во неколку училишта, па дадено упатство од ДИК наместо по еден човек во просторијата да се пропуштаат онолку луѓе колку што има гласачки кутии.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk