До 17 часот вкупно гласале 41,38 отсто од гласачите во земјава или 547.048 граѓани, покажуваат податоците од Државната изборна комисија.

Гласањето во дел од избирачките места ќе биде продолжено и по 19 часот. Како што најави претседателот на ДИК, Александар Даштевски на последната прес-конференција, избирачките места каде има ред за гласање ќе останат отворени и по 19 часот за да може и оние граѓани кои ќе се најдат во дворот или во ходникот од гласачкото место да го остварат правото на глас.

Од ДИК најавуваат и дека гласањето ќе биде продолжено и во оние места каде имаше прекини

makfax.com.mk