logo
logo
logo

До 15 часот гласале 31,8 отсто од гласачите

Vecer | 17.10.2021

До 15 часот гласале 31,8 отсто од гласачите

Одѕивот на гласањето до 15 часот е 31,8 отсто, соопшти попладнево претседателот на Државната изборна комисија Александар Даштевски. Во седум општини се гласа на стариот начин со УВ ламба и спреј поради неможност да се заменат биометриските уреди.

„До 15 часот гласале 403715 избирачи, или во проценти 31,80 што е солиден процент“, рече претседателот Даштевски.

Најголем одѕив повторно се бележи во Новаци каде што гласале 59, 16 отсто од граѓаните со право глас, а следуваат Демир Хисар со 54,87 отсто, Лозово со 54,04 отсто, Вевчани со 51,25 отсто, Карбинци со 49,43 отсто, Крива Паланка со 49,15 отсто, Крушево со 48,48 отсто, Македонски Брод со 47,58 отсто, Кратово со 47,18 отсто и Дојран со 46,78. Од општините со мл одѕив Даштевски ги издвои Гостивар со 23,7 отсто, Дебар со 23,15 отсто, Врапчиште со 21,28 отсто, Суденичани со 20,97 отсто, Липкво со 19,99 отсто, Шуто Оризари со 19, 15 отсто, Центар Жупа со 19,1.

„Одѕивот секаде е околу 20 остото, а најголемиот дѕив е 59 и 54 отсто“, рече претседателот Даштевски.

Тој посочи дека проблемот со метежот тешко се надминува и уште еднаш ги повтри причините поради кои се создаваат редици пред гласачките места.

„Избирачкиот список има многу повеќе страни отколку што имал претходно затоа што имаме рекорден број на листи. И поради тоа проверката трае подолго време. Од друга страна , преку една четвртина од отпечатоците што ги добивме од МВР се со лош квалитет, утврдувањето оди поспоро или се оставаат настрана. Потоа, имаме ковид – мерки и затоа не се пуштаа многу луѓе во просториите. Сега имаат насока да пуштаат онолку колку што има паравани, ги предупредивме да пуштаат толку“, рече претседателот Даштевски.

Државната изборна комисија едносглсно одлучила гласањето да се продолжи за онолку луѓе колку што ќе се најдат не само на самото место туку и во дворот на избрачките места.

„Тие луѓе затоа дошле, не дошле да се шетаат. Дошле да гласаат и мора да гласаат сите“, нагласи Даштевски.

Во однос на претходниот пресек од 13 часот, речиси двојно е зголемен бројот на приговори. До 15 часот во ДИК стигнале 134 приговори. 63 се прифатени, а се 10 одбиени.


makfax.com.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk